Бела кожа, затегнато лице и тенка половина на 62 години: Сите гледаа во сестрата на Мајкл Џексон (ФОТО)

profimedia

Својот младолик изглед, Ла Тоја го потполни со неверојатен стајлинг…

Сите синоќа гледаа во Ла Тоја Џексон (62), сестрата на починатиот Мајкл Џексон, кoja дојде на случување кое беше посветено на подигнување на свеста за Мултипла Склероза.

Пејачката за оваа прилика облече сребрена јакна со светки, црни патнолони и ремен, а на нозете облече чизми со сребрени светки кои ги преминуваа колениците. Тенката половина ја нагласи со голем ремен украсен со сребрени ланци.

Она што на сите им го привлече вниманието е затегнатото и бело лице на Ла Тоја Џексон која неодоливо потсетува на Мајкл Џексон.

Ова е прв пат во јавноста да се појавува Ла Тоја, по прикажувањето на документарецот „Напуштајќи ја Недојдија“ во кои се изнесени оптужби против нејзиниот брат Мајкл Џексон.

profimedia

Мајкл кој почина во 2009 година, е обвинет за сексуално злоставување на деца, а се е обелоденето во споменатиот документарец кој во Америка подигна вистинска бура.

Целите „валкани алишта“ на семејството Џексон се изнесени пред јавноста, како и во интервјуто од 1993 година во кое Ла Тоја го обвинува Мајкл за педофилија.

„Мајкл е мој брат и јас многу го сакам, но не можам и не сакам да бидат тивок соработник на неговиот злочин над малите и невини деца. Ако останам тивка тогаш тоа значи дека ја потиснувам вината и понижувањето кои овие деца ги чувствуваат, а мислам дека тоа е многу погрешно!“

БОНУС ВИДЕО:

Видео хороскоп за 14 мај 2019, вторник

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот