Бел градник под бела маичка? Размислете уште еднаш!

бела маичка

Ако мислите дека белиот градник е невидлив под вашите бели или проѕирни маички, апсолутно не сте во право.

Секоја девојка во својот плакар треба да има бел, црн, но и задолжително барем еден „нјуд“ градник, кој го комбинира со проѕирни и бели блузи и маички.

Оваа боја најубаво се претопува со нијансата на тенот и со тоа е и најневидлив во комбинациите кои вклучуваат облека која се проѕира.

Од друга страна, носењето бел или црн градник не е смртен грев, но секако, тие се апсолутно видливи под вашата облека.

Според некои дами, добро е да се има градник во сите бои, за да можете беспрекорно да го комбинирате со секоја можна облека која ја имате. Но, „нјуд“ градникот е задолжително парче кога е во прашање долната облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот