Бекамови ги разлутија соседите: Ги молат да престанат со преправање на имотот

Дејвид и Викторија Бекам имаат големи планови за нивниот дом во Котсволд.

Сакаат да направат куќичка за обезбедувањето за да може имотот и куќата да се надгледуваат 24 часа, тунел под куќата, вински подрум и големо езеро за пливање.

Овие планови воопшто не им се допаѓаат на соседите, кои веќе им се обратиле на властите и побарале од нив да ги спречат Бекамови да ги направат сите овие градби во селото.

Profimedia

„Тие сакаат да го донесат предградието во селото. Ако ги сакаат сите тие работи, зошто не си најдат имот што ќе биде доволно голем за да го собере сето тоа“, се жалат соседите.

Бесните жители на селото се плашат дека проектот ќе придонесе да се градат повеќе такви објекти во иднина и дека таквите проекти ќе бидат погубни за околината.

The lake takes up a huge area and is 91 meters wide

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот