Бекам повторно ја бакнува својата ќерка Харпер во уста: Обожавателите кренаа вистинска бура на Инстаграм

Фотографијата на Дејвид Бекам на која ја бакнува ќерката Харпер Севен во уста ја подели јавноста и предизвика низа бурни реакции и коментари.

Модната дизајнерка и поранешна пејачка Викторија Бекам веројатно не очекуваше дека една од нејзините најнови фотографии на Инстаграм повторно ќе крене толкава прашина и ќе ги подели нивните обожаватели кои не можеа, а да не коментираат.

Фото: Дејвид Бекам

Тоа е фотографија од нејзиниот сопруг, пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам како ја бакнува во уста нивната 9-годишна ќерка Харпер Севен. Ова навистина не беше прв пат да споделат вакво нешто на социјалните мрежи и очигледно е прифатливо за нив како семејство и родители.

Но, тоа не е прифатливо за сите затоа што голем дел од следбениците на Викторија беа згрозени од фотографијата, додека други заклучија дека на фотографијата нема ништо спорно и дека таа фотографија ги воодушевила.

Фото: Инстаграм

„Прекрасно. Јас имам 35 години и го бакнував татко ми во устата сѐ до минатата недела кога почина по сериозно заболување“, „Има премногу фотографии на кои овој лик ја бакнува својата ќерка во устата. Почнувам да се чувствувам непријатно кога ќе го видам тоа. Има образи, почни да ја бакнуваш и во нив“, „ Зошто родителите ги бакнуваат децата во уста? Мислам дека тоа е одраз на непочитување кон нив“, „Никогаш нема да разберам зошто ја бакнуваш така. Сакај ја својата жена, остави Харпер Севен да има такви искуства кога ќе биде доволно стара“, „Ова е една од најубавите фотографии. Нека се срами секој што тврди дека не е во ред“, „Јас секогаш го бакнувам својот син во уста, ако не се согласуваш со тоа, тоа е твој проблем“, „Прекрасна фотографија, нема ништо лошо во ова“, „Mојата ќерка има 16 години и ме бакнува во уста секој ден пред училиште. Не дозволувај луѓето да ве советуваат како треба вие да го живеете вашиот живот“, беа само некои од поделените мислења и коментари под фотографијата.

Што мислите вие?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот