Барселона не се откажува од Меси и веќе ги направи првите потези за негово враќање на „Камп Ноу“

Фото: EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Управата на Барселона е подготвена на се за да го врати Лионел Меси на „Камп Ноу“ и веќе Новинарот Фернандо Поло пишува дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта веќе остварил контакт со таткото и менаџер на Лео Меси, Хорхе.

Лапорта сака да го врати Меси на „Камп Ноу“ за Аргентинецот како играч на Барселона да ја заврши кариерата а потоа би бил клупски амбасадор.

За да се врати како играч, Меси треба да прифати значително помала плата од таа што ја има во ПСЖ каде заработува над 30 милиони евра. Исто така Меси ќе мора да се согласи дека нема да биде главен играч во Барселона бидејќи со 36 години нема да може да игра на сте натпревари и според новинарот Поло, овие два услови се остварливи.

Лапорта смета дека враќањето на Меси би било значајно и на маркетиншки план, посебно што тоа е желба на секој навивач на каталонскиот тим, вклучувајќи го и тренерот Чави Ернандез.

Чави и Меси се големи пријатели и се во постојан контакт со години, а Лапорта се надева дека може да биде и одлучувачки фактор за Аргентинецот да се врати во тимот во кој помина 20 години.

Но, и ПСЖ не седи со скрстени раце и веќе му понуди нов договор на Меси, но Аргентинецот нема намера да разговара со никого бидејќи е фокусиран на Светското првенство во Катар и сака да види како ќе се одвива сезоната.

Меси со ПСЖ има договор до 2023 година, со опција за продолжување за уште една година, но тој ќе го има последниот збор за продолжувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот