Барса за 150 милиони евра купува бразилска „гол-машина“!? (ВИДЕО)

фото: твитер

Реконструкцијата на тимот во Барселона е веќе најавена и секој ден разни играчи се поврзуваат со Каталонците. Сега се појавија информација дека Барса е заинтересирана за Ришарлисон, напаѓачот на Евертон, чијашто вредност се проценува на околу 150 милиони евра.

23-годишниот Ришарлисон во изминатите две сезони во Премиер лигата за Евертон реализираше вкупно 26 голови во 71 натпревар.

Премиерлигашот го смета Бразилецот за негов клучен играч и затоа му е поставена толку висока цена, а Роналд Куман, новиот тренер на каталонскиот клуб во него гледа долгорочно решение за нападот на неговата екипа.

Не е невозможно првите луѓе од „Камп Ноу“ да ги почнат преговорите, а доколку ја платат наведената сума за играчот, тие би го срушиле клупскиот рекорд кога станува збор за трансфери, претходно за услугите на Филипе Кутињо беа платени 140 милиони.

Исто така, тоа би бил трет најскап трансфер во фудбалската историја, откако Нејмар од Барса се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра, додека Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ за 180 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот