Барди следната сезона наместо во втората шпанска лига ќе игра во Лигата на шампионите

енис барди
Енис Барди, еден од клучните играчи на македонската репрезентација/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ќе го напушти шпанскиот тим Леванте и ќе потпише за турскиот првак Трабзонспор, објави „Марка“.

Двата тима денеска нашле заеднички јазик за отштетата која ќе изнесува 3 милиони евра плус дополнителни бонуси, а Барди ќе потпише тригодишен договор со Трабзонспор и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите наместо во втората шпанска лига.

Барди претходно се поврзуваше со трансфер во Олимпијакос, Елче, Алмерија, но турскиот шампион беше најконкретен во преговорите и успеа да се договори со Леванте.

Македонскиот репрезентативец во Леванте пристигна во 2017 година од Ујпеш, а следната сезона во турската Супер Лига ќе игра уште еден репрезентативец, Езџјан Алиоски кој потпиша за Фенербахче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот