Бараж двојки за влез во Првата лига, Скопје ќе игра со Беласица

Беласица ја дели една победа од враќање во елитата/Фото: facebook.com/belasicafc

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со жрепка се дознаа бараж двојките за опстанок/влез во Првата лига за следната сезона.

За опстанок во 1МФЛ ќе се борат екипите на Скопје и Тиквеш, а второпласираните од второлигашките конкуренции Воска Спорт и Беласица за влез во елитата.

Ќе се игра еден бараж натпревар, на 22 мај на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп силите ќе ги одмерат Воска Спорт и Тиквеш, а истиот ден на Градскиот стадион во Штип ќе играат Скопје и Беласица.

И двата меча се закажани со старт од 17.00 часот.

Победниците од бараж дуелите ќе играат во следната натпреварувачка сезона 2022/2023 во која ќе бидат и шампионот Шкупи, потоа Академија Пандев, Шкендија, Македонија ЃП, Ренова, Брегалница Штип, Струга Трим Лум, Работнички, и шампионите од вторите лиги на Западот и Истокот, Победа и Силекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот