барак обама мишел обама
Фото: EPA/SHAWN THEW

Барак Обама ќе присуствува, неговата сопруга Мишел нема да оди на инаугурација на Трамп

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, најави дека нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Мишел не присуствуваше ниту на погребот на поранешниот претседател Џими Картер, каде што нејзиниот сопруг Барак беше забележан како се смее и разговара со Трамп.

„Морам да кажам дека имавме пријателски разговор“, рече Трамп подоцна.

Сепак, се чини дека за разлика од нејзиниот сопруг, Мишел нема амбиција да гради пријателски однос со Трамп.

“Мишел никогаш не лаже и никогаш не се преправа. Секогаш размислува каде и како ќе се појави. Неволно се појави на изборите. Тогаш таа и Барак изгледаа обединети, но нема причина да се обедини со Трамп. Нејзиното отсуство кажува се“, изјави извор близок до Мишел.

Мишел Обама / Фото: EPA-EFE/Martin Sylvest

Во средата кабинетот на Барак и Мишел Обама објави дека тој ќе присуствува на инаугурацијата, но дека Мишел не.

Историски, ова може да се смета за „презир“ со оглед на тоа што сите поранешни претседатели и први дами присуствуваат на инаугурациите, дури и кога се од спротивставени партии.

На пример, Меланија Трамп исто така не се појави на инаугурацијата на Бајден.

Profimedia

Откако Мишел не се појави на погребот на Картер, беше објавено дека имало одредена конфузија во нејзиниот распоред и дека поради тоа била спречена да присуствува. Во тоа време таа била на продолжен одмор на Хаваи.

Ова непојавување на Мишел Обама се случи во време кога на интернет и медиумите кружеа теории дека двојката Обама се разведува. Никој од нив се уште не се огласил во јавноста за ова прашање.

Мишел и Барак Обама се запознале во 1989 година додека работеле заедно во адвокатска фирма во Чикаго. Тие се венчаа во 1992 година.

Во бракот имаат две ќерки Малија и Саша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот