Балмер донира 25 милиони долари во борбата против коронавирусот

фото: твитер

Парите ќе бидат распределени во Сиетл, во Лос Анџелес и во Мичиген, а 10 милиони долари се наменети за Универзитетот во Вашингтон на кој се работи на вакцина за Ковид-19.

Заедно со неговата сопруга Кони, сопственикот на Лос Анџелес Клиперс и поранешен директор во Мајкрософт, Стив Балмер донира 25 милиони долари за борба против коронавирусот.

Парите ќе бидат распределени во Сиетл, во Лос Анџелес и во Мичиген, а 10 милиони долари се наменети за Универзитетот во Вашингтон на кој се работи на вакцина за Ковид-19.

Многумина можеби ќе кажат дека ова не е ништо од страна на Балмер, со оглед на тоа што богатството според „Форбс“ му е проценето на 57,3 милијарди долари.

Претходно најави дека ќе ја купи старата сала на Лејкерси, познатиот „Форум” и земјиштето во околината за изградба на нов дом за неговите Клиперси за што плати 400 милиони долари во готовина.

До прекинот на НБА сезоната, екипата на ЛА Клиперс се наоѓаше на второто место на Западната конференција зад водечките Лејкерси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот