Бајиќ: Не се плашиме од никого, така ќе биде и понатаму

Селекторот на кошаркарите Драган Бајиќ/Фото: КФСМ

Селекторот Драган Бајиќ стигна до својата прва победа како предводник на нашиот сениорски национален тим. Пропуштеното против Швајцарија го вративме вечерва против Словачка.

Со две неверојатни четвртини, првата и последната ја разбивме играта на противникот. Македонија славеше убедливо против Словачка и моментно е на првото место во претквалификациската група за пласман на Светското првенство.

– Честитки за момците за добриот натпревар. Благодарност и до публиката, тие беа еден голем ветер во грбот. Се надевам дека со Швајцарија ќе бидат во што поголем број. Имавме малку време за подготовка, ама максимално одговорија кошаркарите на сите задачи.

Освен во втората четвртина, во другите бевме добри. Сосема заслужена победа. Сега следи Швајцарија, со која имавме голем притисок во првиот натпревар. Јас не им го создадов, туку целиот нов тим.

Во последните два дена работевме да го тргнеме притисокот и работите испаднаа добро. Исто и оваа победа ништо не ни значи, како оној пораз од Швајцарија. Не се плашиме од никого, така ќе биде и понатаму. Сè што е добро им препишувам на играчите, сè што е лошо оди на моја душа – рече селекторот Бајиќ по мечот со Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот