Бајден: Oслободувањето на заложниците е само „почеток“ има реални шанси да се продолжи примирјето во Газа

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/VEASEY CONWAY

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека ослободувањето на првата група заложници денеска од Хамас е само „почеток“ и дека има „реални“ шанси да се продолжи привременото примирје во Газа.

Говорејќи пред новинарите во Нантакет, Масачусетс, каде што го поминуваше празникот Денот на благодарноста со своето семејство, Бајден додаде дека е време да се „обнови“ работата за решение со две држави за мир меѓу Израел и Палестинците.

Меѓу ослободените заложници има 13 Израелци, 10 државјани на Тајланд и 1 филипински државјанин, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар. Вкупно 50 заложници би можеле да бидат ослободени во текот на четиридневната пауза на војната, додека палестинските затвореници, исто така, треба да бидат ослободени во бранови.

Бајден рече дека во следните неколку дена очекуваат десетици заложници да им бидат вратени на нивните семејства. „Исто така, се сеќаваме на сите оние кои сè уште се притворени и ја обновуваме нашата посветеност да работиме и за нивно ослободување“, рече тој.

„Сите овие заложници поминаа низ страшно искушение и ова е почеток на долгото патување на исцелување за нив“, рече Бајден. „Плишаните мечиња кои чекаат да ги поздрават тие деца во болницата се остар потсетник на траумата низ која овие деца поминале и на толку млада возраст“.

Бајден рече дека Хамас „го изврши овој терористички напад затоа што не се плашат ништо повеќе од Израелците и Палестинците кои живеат рамо до рамо во мир“.

„Додека гледаме кон иднината, мораме да ставиме крај на овој циклус на насилство на Блискиот Исток. Треба да ја обновиме нашата решеност да го следиме ова решение за две држави каде Израелците и Палестинците еден ден ќе можат да живеат рамо до рамо во решение за две држави со еднаква мерка на слобода и достоинство“, рече Бајден, пренесе Си-Ен-Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот