Бајден на 15 јуни ќе се сретне со белгискиот крал Филип

Фото: EPA-EFE/JONATHAN ERNST / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден ќе претстојува во Белгија на 14 и 15 јуни, а предвидена е средба и со кралот Филип, јави дописничката на МИА од Брисел.

Кралот на Белгија ќе го придружува премиерот на земјата, Александер Де Кро, на оваа прва средба со американскиот претседател, што ќе се одржи на 15 јуни во кралската палата во Брисел.

Бајден ќе биде во посета на земјата на 14 и 15 јуни каде ќе учествува на Самитот на НАТО, а на вториот ден ќе учествува на Самитот ЕУ-САД. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот