Бајден му порача на Нетанјаху дека може да ја изгуби светската поддршка поради неселективното бомбардирање

Џо Бајден се обрати пред Генералното собрание на ОН

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека му пренел на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Израел ризикува да ја загуби меѓународната поддршка поради неселективно бомбардирање во Појасот Газа и дека не е сигурен дека најтврдокорните конзервативни лидери во Израел ја сфаќаат пораката.

Мислам дека треба да ја промени својата влада. Неговата влада во Израел многу ги отежнува работите, рече Бајден и додаде дека израелските власти почнуваат да ја губат поддршката со неселективното бомбардирање.

Бајден, исто така, го прозва и Итамар Бен Гвир, лидерот на израелската крајнодесничарска партија и министер за национална безбедност во владејачката коалиција на Нетанјаху. Бен-Гвир се противи на решението за две држави меѓу Израел и Палестинците и бара Израел повторно да ја преземе контролата врз целиот Западен Брег и Газа.

Бајден посочи дека не е сигурен дека воениот кабинет на Бен-Гвир и Нетанјаху ги сфаќаат импликациите од сегашното бомбардирање.

Американскиот претседател рече дека за разлика од Вашингтон, израелската влада не сака решение со две држави со Палестинците.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот