Бајден ја зголеми помошта за малите претпријатија

EPA-EFE/Doug Mills / POOL

Американскиот претседател Џозеф Бајден најави промена на програмата за федерална помош со која ќе бифат опфатени најмалите компании, и оние чии сопственици се жени и припадници на малцинствата. 

Бајден рече дека многу мали компании бараат помош и дека биле потиснати од големите компании на почетокот на пандемијата. Со новата програма ќе им се овозможи долготрајна помош на помалите фирми, кои беа најпогодени од еконмскиот пад.

„Американскиот мал бизнис страда и потребна му е помош веднаш“, рече Бајден.

За бесповратна помош во наредните две недели ќе може да се пријаваат само малите фирми кои имаат помалку од дваесет вработени, а тоа е огромно мнозинство.  Аминистрцијата на Бајден издвојува и милијарда долари за самостојните стопанственици, од кои повеќето се жени и припадници на малцинствата.

Програмата за помош лани  им овозможи заеми на 5,2 милиони претпријата во вредност од 525 милијарди долари,а годинава се планирани 284 милијарди долари за помош, од кои 133,5 милијарди долари се веќе исплатени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот