Баерн потврди: Хумелс се враќа во Дортмунд

twitter.com/brfootball

Овој месец се најавуваше заминување на Хумелс од германскиот шампион,  не беше посакуван од хрватскиот стратег Нико Ковач, еве денеска се потврдија таквите информации.

Хумелс, централниот дефанзивец веќе играше за „милионерите“ во периодот од од 2008-2016 година, а потоа се пресели во Баерн.

Сега одново е во дресот на Дортмунд, за баварскиот гигант одигра вкупно 116 натпревари во сите натпреварувања.

Беше стрелец на осум голови и освои вкупно седум трофеи со клубот. Германските медиуми тврдат дека Борусија за овој трансфер ќе му плати на тимот од Минхен околу 38 милиони евра.

Претходно запиша 309 мечеви за Дортмунд, со две титули во Бундес лигата, а загуби и едно финале во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот