Баерн Минхен официјално испрати трета понуда за Луис Дијаз
Денеска од 13.30 часот фудбалерите на Ливерпул како подготовка за новата сезона ќе игра пријателски натпревар против Милан.
Препорачано
Луис Дијаз не е во составот на Ливерпул за денешниот меч, и информациите велат дека ова лето Колумбиецот ќе го напушти англискиот шампион.
Според Флоријан Плетенберг, Баерн Минхен официјално испрати трета понуда за услугите на Дијаз. „Скај Германија“ не споменува конкретна бројка, но потврдува дека клубот од Бундеслигата ја надминал својата претходна понуда од 67,5 милиони евра. Баерн има свои финансиски ограничувања кога станува збор за реализација на овој конкретен трансфер.
Подготвеноста на Ливерпул да преговара со германските гиганти никогаш не била доведена во прашање. Плетенберг сепак нагласува дека шампионите на Премиер лигата сè уште не се подготвени да се разделат со Колумбиецот.
Фактот дека двете мегаѕвезди на Бундеслигата, Флоријан Вирц и Уго Екитике, се преселија на Енфилд ова лето, очигледно не влијае на пресметките на Ливерпул. Во принцип, структуриран договор што ја зголемува цената над 80 милиони евра преку бонуси би можел да им помогне на двете страни да се договорат.


