Баерн Минхен ангажира хрватски репрезентативец – Слободен печат
СпортФудбал

Баерн Минхен ангажира хрватски репрезентативец

Иван Перишиќ се враќа во Бундес лигата и во наредната сезона ќе настапува за германскиот шампион.

Баерн Минхен конечно успеа да најде замена за Арјен Робен и Франк Рибери. Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ денеска ги помина лекарските прегледи и во следната сезона ќе настапува за германскиот шампион.

Досегашниот клуб на Хрватот, Интер, ќе заработи пет милиони евра за едногодишна позајмица, а Баерн има опција на крајот од идната сезона да го откупи неговиот договор за сума од 20 милиони евра.

„Да, бев на лекарски прегледи. Ќе дадам се од себе“, изјавил Перишиќ на германските новинари.

Перишиќ во минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Интер но со доаѓањето на новиот тренер Антонио Конте падна во втор план. Тој не се вклопува во формацијата на Конте по што му порача слободно да си бара нов клуб.

Хрватот има искуство од настапи во Бундес лигата, тој две сезони го носеше дресот на Борусија Дортмунд (2011-2013), а една играше и за екипата на Волфсбург пред да се пресели во Интер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close