Австриски готвач откри во што е тајната на совршена виенска шницла

профимедиа

Виенската шницла е прочуен австриски специјалитет што се состои од тенко парче телешки бут што се похува.

Тајната на вкусната виенска шницла лежи во специјалната подготовка, каде што месото најпрво се валка во брашно, потоа во јајца и на крајот во презла. Се пржи во тава пред да се послужи со салата од компир или со пржени компирчиња.

Во најпознатиот ресторан во Виена овој деликатес се подготвува повеќе од 100 години. Парчето месо се подготвува од домашно свинско и телешко месо, па свежи лебни трошки, а тајната на совршената шницла лежи во пржењето.

Готвачите ја пржат во тава во која ставаат сончогледово масло.

– Тајната е во температурата на пржењето – открил Маркус Брунер, главен готвач во интервју за Би-би-си.

За да биде месото сочно, тоа се сече на шницли дури по купувањето, па се чука со толчник за месо на точно 4 милиметри дебелина и размери од 30 сантиметри.

Месото само малку се валка во брашното, па во јајцата и во презлата, никако не се притиска или тапка. Ова е многу важно за да се создаде убава и крцкава кора.

Виенските шницла од телешко месо кратко се пржат во тава со растопен путер, кој му дава дополнителен вкус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот