Австрија од понеделник воведува целосен карантин за сите граѓани

Ковид Австрија
Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

На прес-конференција во Виена, австрискиот канцелар Александар Шаленберг објави дека целата земја е во карантин од понеделник и дека задолжителната вакцинација за сите ќе биде воведена од 1 февруари, пренесува Би-Би-Си.

„Не сакаме петти бран“, изјави на печатот канцеларот и министер за здравство Волфганг Мукштајн.

Ова се новите строги правила во Австрија

1. Карантин од 9 до 24 за сите – и вакцинирани и невакцинирани
На Австријците им е дозволено да го напуштат станот само во исклучителни случаи како што се купување намирници, посета на лекар или аптека или одење на работа, иако се препорачува работа од дома, освен во Виена, каде што работата од дома е задолжителна.

Строго ќе се проверува почитувањето на оваа мерка, а прекршоците ќе се санкционираат со казни до 1.450 евра.

2. Отворени училишта, но…
Училиштата остануваат отворени, но на родителите ќе им се советува да ги остават децата дома.

Маски мора да носи секој што доаѓа на училиште.

3. Вакцинација
Вакцинацијата е забрзана.

4. Строги полициски контроли, високи казни
1450 евра е казна за одбивање да се контролира дали некој се вакцинирал или се разболел, иста казна за прекршување на полицискиот час и за прекршување на правилото 2г како корисник.

5. Препорака за работа од дома
Работата од дома се препорачува, освен во некои делови на Австрија каде што работата од дома е задолжителна.

6. FFP2 маска
Тоа е задолжително во затворени простории и на работното место.

7. Задолжителна вакцинација
Задолжителната вакцинација ќе почне од 1 февруари, штом тоа законски е можно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот