Австралиски десерт: Меки колачиња со кокос и мармалад

Чупавци
Фото: Pexels

Кокосовите коцки, или познати како „чупавци“ меѓу народот, се едноставни традиционални колачиња, направени од бисквита, чоколадо и кокос. Нивната подготовка е едноставна и брза, а претставуваат совршен десерт со кој ќе ги послужите вашите гости.

Овие колачиња потекнуваат од далечната Австралија, каде го имаат името Ламингтон. Подготовката е слична со онаа на балканските „чупавци“, со единствена разлика што Австралијаците ги полнат колачињата со мармалад.

Тие го добиле името по Лејди Ламингтон, сопругата на гувернерот на Квинсленд, која во една прилика нарачала бисквита, покриена со чоколадо и наросена со кокос. Колачињата биле толку вкусни, што наскоро почнале да се извезуваат низ целиот свет.

Фото: Pexels

Потребни состојки:

Бисквита:

  • 4 јајца
  • 250 гр шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 200 мл млеко
  • 200 мл масло
  • 400 гр мазно брашно
  • 1 прашок за пециво

Прелив:

  • 150 гр темно чоколадо
  • 200 гр путер
  • 100 гр шеќер

Дополнително:

  • 200 гр кокосово брашно
  • 150 гр џем од јагоди

Подготовка:

Матете ги јајцата и шеќерот со миксер околу пет минути, сѐ додека смесата не се удвои во големина. Додадете масло и млеко и измешајте со жица за матење. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки, односно брашното, солта и прашокот за пециво. Со жица за матење соединете ги влажните и сувите состојки.

Префрлете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете 15 минути на 180 степени. Проверете дали бисквитата е готова со ставање чепкалка за заби во средината на бисквитата. Ако чепкалката за заби излезе чиста, тоа значи дека е бисквитата е спремна за вадење од рерна.

Исечете ја по должина на два еднакви дела. Едниот дел премачкајте го со џем од јагоди, а потоа покријте го со другиот дел.

Додека го подготвувате преливот, ставете ја бисквитата со јагоди во замрзнувач околу 15 минути.

Измешајте ги сите состојки за преливот и, со постојано мешање, варете ги на тивок оган околу 10 минути.

Извадете ја бисквитата со јагоди од замрзнувач и исечете ја на еднакви коцки.

Со помош на чепкалка за заби, секоја коцка потопете ја во чоколадо и наросете ја со кокосово брашно.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот