АВМУ: МРТ за прв пат во пет години прикажала загуба!

За да обезбеди сеопфатни сознанија за состојбите во телевизиската и во радиската индустрија за претходната година, Агенцијата изработи Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година.

Анализата ги опфаќа податоците за економското работење на Јавниот радиодифузен сервис и комерцијалните телевизии и радија и податоци од мерењата на гледаноста и слушаноста на ТВ и радиостаниците.

Во 2018 година продолжил падот на вкупните приходи во индустријата. Во споредба со претходната година, приходите на Македонската радио-телевизија се намалиле за 8,44%, на комерцијалните телевизии за 4,52%, а на комерцијалните радиостаници за 3,60%.

Приходите од реклами коишто заедно ги оствариле сите радиодифузери изнесувале 1.346,06 милиони денари, и во споредба со претходната година, бележат пад за 2,71%. Од нив 34,33 милиони денари биле приходите на Македонската радио-телевизија, 1.203,95 милиони денари на комерцијалните телевизии и 107,78 милиони денари на комерцијалните радиостаници.

Трошоците кои заедно ги направиле сите радиодифузери во 2018 година изнесувале 2,537.52 милиони денари, од кои 971,03 милиони денари биле трошоците на Македонската радио-телевизија, 1,419.56 милиони денари на комерцијалните телевизии и 146,93 милиони денари на комерцијалните радиостаници.

На крајот на годината, финансискиот резулат од работењето на сите три сегменти на индустријата – јавниот сервис и комерцијалните телевизии и радија бил негативен, односно загуба во износ од 96,91 милиони денари. Македонската радио-телевизија за прв пат по пет години прикажала загуба од работењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот