Министер за одбрана Џон Хили / Фото: EPA/TOLGA AKMEN

Авион во кој патувал британскиот министер за одбрана изгубил ГПС-сигнал во Естонија

Авионот во кој се наоѓал британскиот министер за одбрана Џон Хили наишол на радио пречки за време на летот од Естонија до Велика Британија, додека бил во близина на руската граница, пишува Гардијан.

„Хили се враќал од посета на британски војници распоредени во југоисточна Естонија кога сателитскиот сигнал на неговиот авион исчезнал“, се наведува во текстот.

Навигацијата на авионот била прекината во текот на целиот дел од патувањето – околу три часа. Затоа, пилотите морале да користат инерцијални навигациски системи.

Според Гардијан, за да се врати сателитскиот сигнал, било потребно да се рестартира опремата на авионот, но тоа не било можно за време на летот. Покрај Хили, во авионот биле и неговите воени и политички советници, генерал-полковник, двајца фотографи и новинар на „Тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот