Авион со руска делегација еден час кружел над Женева, а за сѐ бил виновен Бајден

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Авион со руска делегација и новинари еден час кружел над Женева пред да добие дозвола за слетување, пренесува репортер на агенцијата РИА Новости. Судејќи по се, авионот со руската делегација бил принуден да почека бидејќи нешто порано слетал авионот со претседателот на САД, Џо Бајден.

Стјуардесата им кажала на сите патници дека авионот се наоѓа на листата на чекање, и дека поради тоа пилотот бил принуден дури десет пати да го прелетува Женевското езеро пред да слета на женевскиот аеродром.

Руската делегација допатувала во Женева за да учествува на самитот на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден.

Како што е претходно најавено, авионот со рускиот претседател Владимир Путин би требало да слета на женевскиот стадион утре непосредно пред состанокот со американскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот