АУДИО | Мајката на Моника: Ем тепана, ем силувана, ем затворена дома две години, за ќерка ми животот во Македонија е завршен, се селиме во Германија!

Фото: илустрација / Islandstock / Alamy / Alamy / Profimedia

Разочарувањето во семејството Јовановски од Велес е огромно, откако јавното обвинителство ја отфрли кривичната пријава за силување на Моника Јовановска, која јавно сведочеше дека злосторот и бил сторен од поранешното момче.

Цветанка Јовановска, мајка на Моника, во телефонски разговор за „Слободен печат“, објаснува дека нејзината ќерка веќе не е истата личност. Животот за неа ќе се обиде да го побара во странство.

Психичкиот стрес кој го претрпе оваа девојка чекајќи ја правдата, доведе до тоа таа да го загуби здравјето. Денеска таа завршила во болница, бидејќи добива напади од траумата и стресот кои ги преживеала во текот на постапката.

– Денеска моравме да ја носиме во болница каде не можеше ниту да ме препознае. Ме праша ,,Која си ти?” За ова има сведоци, лекарите во нервното одделение во велешката болница. Додека нејзиниот силувач е на слобода, Моника е две години затворена во соба, како таа да е во притвор. Сите надежи и се срушија, кога обвинителството го отфрли обвинението за силување затоа што немало докази за силување. Во тој документ пишува дека нема сведоци на настанот, иако соседот се понуди да дојде на суд и да сведочи. Ја видел како излегува од автомобилот тепана и модра, ја фатил под рака и тој ја донесе до вратата дома. Ништо веќе не ме интересира, ни суд ни обвинителство. Само сакам да и се врати здравјето, зашто го загуби чекајќи ја правдата во Македонија. Сега излегува дека таа самата себеси се истепа, кога модра дојде дома, низ солзи раскажува Цветанка, мајка на девојката.

Таа додава дека на ваков начин органите само ги обесхрабруваат жртвите да не пријавуваат насилство. Случајот дополнително стана важен за јавноста, окако обвинителството побара жртвата да учествува во реконструкција на настанот, за што Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираше дека е двојна виктимизација.

Целиот разговор слушнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот