Атиџе ѝ ја предвиде иднината гледајќи ѝ на кафе на Сара Џесика Паркер

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја сретна Атиџе откако го гледала филмот. Атиџе ѝ ја предвиде иднината гледајќи ѝ на кафе“, вели продуцентот Атанас Георгиев.

До победата на филмот на Санденс пред една година, Атиџе Муратова која во недела ќе присуствува на Оскарите, живееше во земјена колиба без струја и вода во зафрлена област во Македонија, а сега е славна личност и во Холивуд, пишува агенцијата Франс прес.

„Медена земја“ е првиот филм во историјата кој добил номинации за Оскар во две категории – најдобар документарец и најдобар странски филм, а главната протагонистка Атиџе стана славна личност која холивудските ѕвезди ја застануваат на улица.

„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја сретна Атиџе откако го гледала филмот. Атиџе ѝ ја предвиде иднината гледајќи ѝ на кафе“, вели продуцентот Атанас Георгиев.

Кога Атиџе заминала за Скопје да го проба фустанот што ќе го носи на свеченоста во Лос Анџелес, ѝ требале 20 минути за да помине 200 метри, бидејќи толку многу луѓе сакале да се сликаат со неа.

Контрастот не може да биде поголем, имајќи предвид дека Атиџе досега живееше осамено во селото Бекирлија, каде што собираше мед од диви пчели, но секогаш само половина. Екипата на филмот во меѓувреме ѝ помогна да добие нов дом, блиску до нејзините роднини во „најблиското село до цивилизацијата“. Формираната е фондацијата „Медена земја“ за неа, за семејството Сам, како и за пошироката заедница, а интернет донаторите откупуваат дел од „био медот“ кој го произведува таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот