Артан Груби: Ахмети сведочи во Хаг како основач на ОВК за периодот 1998-2000

Артан Груби / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Првиот вицепремиер Артан Груби во гостување на телевизија Сител истакна дека лидерот на ДУИ Али Ахмети бил повикан во Хаг како сведок.

-Поканата дојде преку нашето обвинителство, на поканата пишува во кое својство е поканет – во својство на сведок за неговата улога како основач на ОВК и како еден од коосновачите на народното движење на Косово за периодот од 1998 до 2000 година. Само во овој период и за тие активности. Во целото испрашување нема прашувано за било какви други активности во Македонија или во било која друга земја. Се однесува во својство на сведок само за околностите во Косово 98/00 и толкав е и мандатот на специјалното обвинителство на Косово – рече Груби.

Тој истакна дека ова владејачко мнозинство на СДСМ и на ДУИ планира да го истера целиот мандат. Според него, премиерот што ќе го замени Зоран Заев сто дена пред следните парламентарни избори во 2024 година ќе биде поалитички, а не технички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот