Арсовски за СП: Ако сакаше да помогне Георгиевски немаше јавно да ги каже предлозите

Бугарското предизборие воопшто не е добар момент да се даваат какви било предлози за македонско-бугарскиот спор ие на наша штета, вели аналитичарот Петар Арсовски за акцискиот план на експремиерот Љубчо Георгиевски за решавање на проблемот со официјална Софија. 

– Никакво решение не е можно до изборите во Бугарија и нам сега не ни одговара да даваме предлози. Тоа е погрешна стратегија, се што ние сега ќе предложиме или ќе го понудиме потоа ќе биде почетна позиција на идната бугарска влада. Предлозите на Георгиевски се многу одалечени од официјалните позиции на македонската влада. Не знам со кои мотиви ги дава и не можам да коментирам, но ние имаме преговарачки тим, а тој е и коалициски партнер во владата и ако сакал да помогне можел своите идеи да ги предложи во тимот, а не јавно. Не се соопштуваат јавно така предлози – вели Арсовски за „Слободен печат“.

Викендов, независно од македонската влада и МНР, Георгиевски изнесе пет предлози меѓу кои нова специјална комисија да го расветли наводниот прогон на 130.000 и убиства на 30.000 македонски граѓани со бугарска свест, да се признае дека целата македонска преродба се обидувала да создаде заеднички јазик со бугарскиот, дека Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Даме Груев биле учители на бугарската егзархија, без многу детали да се објави кои личности и датуми ќе се слават заеднички итн.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот