Арсовска: Голем ден за демократијата во Македонија

Данела Арсовска
Данела Арсовска / Фото: Фејсбук, Данела Арсовска

Независната кандидатка за Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Арсовска на својот Фејсбук профил соопшти дека заедно со нејзиното семејство ја исполнила граѓанската должност и гласала на локалните избори.

„Ова е голем ден за демократијата во Македонија и затоа сакам да се заблагодарам за излезеноста од страна на граѓаните и извршувањето на нивната граѓанска обврска, за поддршката што ја добивам од сите скопјани, за секој еден нивни глас, за довербата што ми ја даваат да бидам на чело на Скопје во наредните четири години“ пишува Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот