Армијата на Чешка започна да гради привремена полска болница во Прага (ВИДЕО)

Чешката влада денеска одлучи дека ќе биде задолжително носењето маски на отворено во некои ситуации, бидејќи бројот на заразени лица во таа земја драматично расте.

Новите правила ќе се применуваат од среда во повеќе населени места, рече министерот за здравство Роман Примула по состанокот на владата.

Исклучоци се можни ако може да се одржи растојание од повеќе од 2 метри.

Покривањето на устата и носот е веќе задолжително во затворен простор, а неодамна носењето маска е задолжително и во автомобилите, ако во него има лице кое не живее со возачот.

Бројот на заразени лица во Чешка нагло се зголемува во последните неколку недели.

Во последните 14 дена во Чешка биле заразени 858,6 лица на 100.000 жители, покажуваат најновите податоци на Европскиот центар за контрола и превенција на болести, што е највисоко меѓу земјите на ЕУ.

Чешката армија денеска започна да гради привремена полска болница во Прага.

Од почетокот на епидемијата, повеќе од 1.500 луѓе во Чешка починале како резултат на инфекција со коронавирус. Чешка има нешто помалку од 10,7 милиони жители.

Заразени се 178 000 луѓе.

Чешка со највисока стапка на зараза со Ковид-19 во Европа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот