Архиепископот Стефан изрази сочувство за настраданите во автобуската несреќа

Фото Архива на СП

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, изрази сочуство за настраданите во автобуската несреќа во Бугарија.

– Со жалење ја примивме веста за страотната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот „Струма” во Република Бугарија, каде што животот го загубија четириесет и шест патници, меѓу кои и деца. Сострадувајќи со болката на семејствата на постраданите, од Свое, како и од името на клирот и на верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, искажуваме најискрено сочувство, молејќи се за спасение на душите на починатите, а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување, наведува Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан во изразот на сочувство кон семејствата на загинатите во несреќата во Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот