Археолозите во Египет открија огромна пиварница стара 5.000 години

youtube
принтскрин

Археолозите во египетскиот град Абитос, откриле пиварница стара 5.000 години, во која може да се произведат иладници литри пиво, соопшти египетското Министерство за туризам и антиквитети.

Oд министерството додаваат дека пиварницата веројатно потекнува од времето на кралот Нармер, последниот крал на прет-династичкиот период или 3300 – 2900 п.н.е.

youtube
Принтскрин / Youtube

Д-р Метју Адамс од Универзитетот во Њујорк  кој воедно е и еден од водачите на египетско-американската мисија што го откри овој археолошки локалитет, вели дека тој и неговите колеги веруваат дека пивото се користело за време на ритуалите на кралските погребувања кога се погребувале египетските кралеви.

youtube
Принтскрин / Youtube

Претходните истржувања во истата област, сугерираат дека пивото се користело за време на жртвените обреди.

youtube
Принтскрин / Youtube

Пиварницата, чиј производствен капацитет бил 22.400 литри, била поделена на осум делови со по 40 глинени садови за загреваше на мешавината од житарки и вода.

Египетските власти последните неколку месеци постојано јавуваат за за новооткриени артефакти,  обидувајќи се да го „оживеат“ туризмот, бидејќи египетската туристичка индустрија претрпе огромни загуби предизвикани од пандемијата на коронавирусите.

Меѓународните летови кон Египет беа прекинати уште во март минатата година. Затворени се сите археолошки локалитети и музеи.

Комерцијалните летови продолжија со работа во јули, но бројот на туристи кои патувале во Египет паднал од 13,1 милиони во текот на 2019 година на 3,5 милиони во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот