Апасиев кон новинар: Ај бркај работа! (ВИДЕО)

апасиев
Димитар Апасиев, лидер на Левица

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев денеска на новинарот Фуркан Салиу му одговори со „Ај, бркај работа“, откако тој пред обвинителството го праша дали знае што е муџахедин и постави повеќе потпрашања.

Апасиев рече дека и нему му се заканувале. Го праша новинарот дали видел дека се заканувале на неговото дете и дека ја пцуеле неговата сопруга.

Откако новинарот инсистираше на одговор, а Апасиев врати со контра прашање, следеше коментар „Ај бркај работа.“

Апасиев кажа дека статуси не брише.

Тој час и половина одговараше на распит кај надлежниот обвинител за фамозната закана „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“ која новиот пратеник ја напиша на Фејсбук по парламентарните избори.

Апасиев: Ми се закануваат заради Фејсбук објавите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот