Апасиев до Заев: Дали е вистина дека сте се обиделе да купите пратеници за 300.000 евра?

На денешната седница на Владата, во делот со пратенички прашања, пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, го праша премиерот Зоран Заев, дали тој навистина направил откуп да поткупи пратеници за 300.000 евра. 

-Дали е вистина или шпекулација тоа што после изборите од јули до конституирањето на парламентот сте направиле обид да купите пратеници преку стурмички пајташи за цена од 300 000 евра. Се работи за двајца пратеници од власта кои не се од СДСМ и тројца од опозицијата кои не се од ВМРО-ДПМНЕ – праша Апасиев.

Премиерот на ова одговори дека е „срамота да се поставува вакво прашање“, остро негирајќи ги овие тврдења.

-Негирам било каква инсинуација, срамота е што си дозволувате вакво прашање. Го минавте по рејтинг Мицкоски, ама изгледа сакате и мене да ме минете. Кроткичко, пополека. Не може ем да обвините ем да избегнете одговорност за обвинувањата. Лидер во опозиција вади докази и ги вади во јавноста – нагласи Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот