Антикоцкање: Пратениците да го гласаат законот за игри на среќа оти тие се гласани од народот, а не од казината

Фото: Слободен печат

Од здружението „Антикоцкање“ велат дека до 18 месецов треба да стапи во сила новиот Закон за игри на среќа кој предвидува сите спортски обложувалници и казина да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основни и средни училишта.

Според нив има политичка волја да се гласа за законот, пратениците како што изјавија да не наседнуваат на притисоци и провокации од „Асоцијацијата на спортски обложувалници“ и Здружението „Сакам да работам“ кои денеска органиизираа протест во Скопје поради донесувањето на новиот закон.

„Денеска е второто читање на предлог Законот за игри на среќа, и да има илјада амандмани, второто читање ќе трае само три дена и потоа ќе се гласа законот оти е со европско знаменце. До 16 или 18 се очекува да биде правосилен законот. Поради денешното читање денеска од „Асоцијацијата на спортски обложувалници“ и тие кои ги подржуваат игрите на среќа се на протест во Скопје. Затоа ние апелираме до пратениците да не наседнуваат на ваквите провокации оти тие пратеници не се гласани од казината и спортските обложувалници тие се глас на народот, тие треба да го одобрат животот на народот, а не да го одобрат животот на казината. Затоа ние бараме и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ да размислат и да го гласаат овој закон, не е сјајен но од некаде треба да се почне за да може да се интервенира за да се оддалечат уште повеќе. Ако го спречуваат законот сите пратеници со име презиме ќе ги објавиме, за да се знае кој е за, а кој е против коцката“, рече Јуши Емурлаи од Здружението Антикоцкање.

По донесувањето на законот Емурлаи очекува истиот да се применува во пракса.

„Очекуваме да се донесе законот оти има политичка волја, но очекувам и да се применува. Народот е поголем од тие кои работаат во казината и обложувалниците и нивните сопственици. Народот и младината заминува од државата тие бегаат и од овие валкани игри, тие не носат среќа туку несреќа. Затоа бараме под итно да се реши овој проблем“, вели Емурлаи.

Од движењето Антикоцкање минатиот месец на прес конференција реагираа на соопштенијата на Асоцијациите на спортски обложувалници и казина од каде информираа дека ако се донесе новиот Предлог закон за игри на среќа кој предвидува сите казина и спортски обложувалници да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата над 10 000 луѓе вработени во овој сектор ќе останат без работа.

„Мора да го коментираме тоа што цело време го нагласуваат дека 10 000 луѓе ќе останат без работа. Тоа не е точно оти и премиерот и целата влада ветија дека тие луѓе ќе бидат вработените во органите на државата и нема да остане ниту еден човек без работа. Ако вака ние продолжиме денеска ние имаме 10 000 луѓе, а утре ќе имаме работа со 100 000 луѓе вработени во казина и обложувалници, не може државата да опстане од коцката“, рече во декември минатата година Јуши Емурлаи од движењето Антикоцкање.

ВИДЕО | Антикоцкање: 99 % од казината и спортските обложувалници во Тетово ќе се затворат ако се изгласа законот за игри на среќа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот