Англија: Ја горелe со железо и топла вода – татко и маќеа обвинети за убиството на 10-годишната Сара

Фото: BBC

Таткото и маќеата на 10-годишната Сара Шариф од Англија се прогласени за виновни за нејзиното убиство откако повеќе од две години ја подложувале на „ужасни страдања“, објави Би-Би-Си.

Сара била со качулка, запалена и претепана пред нејзиното тело да биде пронајдено со десетици повреди во семејниот дом во Вокинг Анлија минатата година.

Таткото на девојчето, Урфан Шариф (43) и маќеата Беинаш Батул (30) беа денеска прогласени за виновни за нејзиното убиство додека нејзиниот вујко Фајсал Малик (29) беше прогласен за виновен за предизвикување или дозволување на смрт на дете.

По пресудата, еден полициски службеник учесник во случајот рече дека никогаш не видел „толкаво ужасно страдање на еден млад човек“ во неговите 30 години полициско работење.

„Тоа е еден од оние случаи што го допира секој човек кој е вклучен во него, а сигурен сум дека допре и многу членови на заедницата“, додаде тој.

Тој дополни: „Убиството на дете е апсолутно шокантно, но злоставувањето кое Сара го претрпе за време на нејзиниот краток живот го направи овој случај особено вознемирувачки“.

Детскиот комесар Дам Рејчел де Соуза рече дека убиството на Сара ги истакна „длабоките слабости во нашиот систем за заштита на децата“.

„Не можеме да имаме повеќе критики, стратегии, дебати, додаде таа.

Комесарот повика на низа промени, вклучувајќи „правилен надзор“ за децата, како Сара, кои се школуваат дома.

За време на судењето, поротата слушна и виде како посмртниот преглед покажува дека Сара претрпела повреди, вклучително и „веројатни човечки траги од каснување“, изгореница од железо и изгореници од топла вода пред да умре на 8 август минатата година.

До телото на Сара, кое полицијата го пронашла во кревет, имало белешка со ракопис на нејзиниот татко, на која пишувало: „Кој и да ја види оваа белешка, јас сум Урфан Шариф кој ја уби ќерка ми со тепање“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот