Ангеловски : ФФМ е на потег, сакам да ја водам Македонија на ЕП

Селекторот Игор Ангеловски однесе Македонија на ЕП но сè уште не се започнати преговорите за нов договор.

Фудбалската репрезентација на Македонија пред 10 дена го оствари најголемиот успех во историјата, обезбеди пласман на Европското првенство, а еден од најзаслужните за овој успех е селекторот Игор Ангеловски.

Ангеловски пет години е на селекторската функција и на 12. ноември му го донесе најголемиот успех на македонскиот фудбал, ја однесе репрезентацијата на Европското првенство, но остана без договор.

Имено, неговиот договор истекува на крајот од годината, но засега преговорите за нов не се започнати, открива Ангеловски во интервју за полскиот „Спорт“.

Актуелниот договор со ФФМ ми завршува на крајот на годинава. Јас мојата работа ја завршив. Сите знаат дека сакам да го водам овој тим на Европското првенство. Досега, никој не разговарам со мене дали ќе останам на позицијата и што ќе се случува понатаму. Сега е ред на ФФМ да го направи следниот чекор – вели Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот