Ангажирани 25 асистенти за ученици со посебни образовни потреби

Фото: Општина Центар

Во второто полугодиеод учебната година ангажирани се 25 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во училиштата на територијата на општина Центар.
На последниот јавен повик дополнителна мотивација за пријавување за овие позициии беше и зголемувањето на месечниот надомест од 12.000 денари на 15.000 денари, за работен ангажман со скратено време од 20 работни часа неделно.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски одржа средба со асистентите и им се заблагодари за ангажманот, трудот и хуманоста.

Ја знаеме тежината на вашата работа и затоа се потрудивме дополнително да ве мотивираме, во рамки на можностите на Општината, која финансиски целосно стои зад овој хуман проект. Капа долу за вашиот ангажман. Ја препознавме големината на овој проект и останавме единствена локална самоуправа што го спроведува со свои сопствени сили, истакна Герасимовски.

Дел од асистентите кои и по седум години го продолжуваат договорот со Општина Центар, зборуваа за предизвиците и потешкотиите со кои се судруваат во пракса. Истакнаа дека имаат одлична соработка со наставниот кадар, но и дека секој случај е специфичен и бара посебна експертиза и грижа. Потенцираа дека сензорните соби кои се поставени во речиси сите центарски училишта се од големо значење за нивната работа.

Општина Центар покрај образовните асистенти од Министерството за образование и наука во рамки на проектот „Образование за сите“, ангажира и лични асистенти кои целосно самостојно ги финансира, годинава со 3.500.000 денари. Во осумте општински основни училишта во моментов со ученици со потешкотии во развојот работат 25 асистенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот