Андрикиене: Мисијата за оценка на изборите во Македонија е со ист формат како и мисиите во Србија, Хрватска и Полска

Во исто време, таа подвлекува дека Македонија е суверена земја која има одговорност да гарантира фер и демократски избори во корист на сите свои граѓани.

Применетиот формат на мисијата за оценка на изборите во Северна Македонија е ист како во мисиите спроведени за време на неодамнешните избори во Србија, Хрватска и Полска и тој овозможува сеопфатно набљудување на изборниот процес, кој го гледаме како процес што е повеќе од денот на изборите. Сакам да ве уверам, дека ОДИХР и нејзината специјална мисија за проценка на изборите во Северна Македонија се посветени на исполнување на својот мандат на набљудување на овие важни избори и покрај предизвиците.

Ова во интервју за МИА го исткнува Лаима Андрикиене – шеф на Специјалната мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) при ОБСЕ за проценка на предвремените парламентарни избори на 15 јули во нашата земја.

-Пандемијата на КОВИД им создава многу предизвици на сите изборни чинители во сите засегнати земји: изборната администрација, на учесниците во изборниот процес и исто така на активностите за набљудување на изборите. Неодамнешното набљудување на изборите во ОДИХР, распоредено за набљудување на претседателските избори во Полска (првиот круг на 28 јуни, вториот на 12 јули) или парламентарните избори во Србија (28 јуни) имаа ист формат, т.е. Специјални мисии за проценка на изборите. Применетиот формат овозможува сеопфатно набљудување на изборниот процес, кој го гледаме како процес што е повеќе од денот на изборите, и сакам да ве уверам, дека ОДИХР и нејзината специјална мисија за проценка на изборите во Северна Македонија се посветени на исполнување на нејзиниот мандат на набљудување на овие важни избори и покрај предизвиците, вели Андрикиене.

Во исто време, таа подвлекува дека Македонија е суверена земја која има одговорност да гарантира фер и демократски избори во корист на сите свои граѓани.

За тоа како пандемијата на КОВИД ќе се одрази на одзивот на изборите шефицата на Мисијата на ОДИХР вели дека многу околности влијаат на одзивот и тој е различен во секоја земја.

-Постојат многу околности што го одредуваат одзивот и секоја земја е различна. Парламентарните избори во Србија и во Хрватска имаа излезност помала од претходните избори, но сепак висока, во Србија – 48,88 проценти и во Хрватска – 46,9 проценти. Од друга страна, во Полска одзивот во првиот круг на претседателските избори беше 64,51 отсто што е еден од највисоките во историјата на демократските избори во земјата, вели Андрикиене.

Следи целосното интервју со шефицата на Специјалната мисија за проценка на предвремените парламентарни избори на 15 јули на ОБСЕ/ОДИХР.

ОБСЕ/ОДИХР на 22 јуни ја почна мониторинг мисијата на изборниот процес на покана на македонските власти, која се одвива во посебни услови на пандемија со Ковид – 19. Какви се впечатооците за досегашниот дел од изборниот процес, постојат ли забелешки во однос на почитување на заложбите на ОБСЕ и меѓународните стандарди за демократски изборен процес?

-Во последните три недели имавме состаноци не само со лидерите и / или раководителите на кампањата на сите поголеми политички партии, туку и на помалите, кои немаат свои претставници во Парламентот, но и со голем број невладини организации вклучени во набљудувањето на изборите, како МОСТ, ЦИВИЛ и други. Државната изборна комисија, Министерството за информатичко општетство и администрација и Министерството за внатрешни работи, како и други државни институции се наши соговорници за време на оваа изборна кампања. Имавме состаноци во Уставниот суд, Министерството за здравство, исто така состаноци со претставниците на Управниот суд, членовите на Комисијата за заразни болести и сл. Во текот на оваа недела јас лично во придружба на други членови на Основниот тим посетив голем број општински изборни комисии, во Гостивар, Врапчиште, Тетово, Куманово и Илинден, каде имавме состаноци со претседателите, секретарите и членовите на комисиите.

Набљудувачките мисии на ОДИХР се посветени на принципот на немешање и затоа не издаваме проценка пред денот на изборите, но на 16 јули ќе издадеме изјава за прелиминарните наоди и заклучоци во врска со изборниот процес. Истиот ден ќе одржиме прес-конференција на која ќе ги презентираме овие наоди. Нашиот Конечен извештај ќе биде објавен околу осум недели по денот на изборите, со заклучоци и потенцијални препораки.

Мисијата ја спроведувате со главен тим од девет меѓународни експерти, а според официјалните податоци од ДИК за денот на изборите имате акредитирано 47 меѓународни набљудувачи. Кој се влегува во вашиот тим на набљудувачи и кои аспекти од изборниот процес ќе бидат следени?

-Нашата мисија внимателно и длабоко ги следи сите аспекти на изборниот процес. Основниот тим се состои од девет члена од девет земји-учеснички во ОБСЕ. Јас сум од Литванија, заменик шефот на мисијата е од Полска, други членови на Основниот тим се од: САД, Велика Британија, Украина, Шпанија, Белорусија, Унгарија и Киргистан. Нашите аналитичари опфаќаат теми кои вклучуваат: изборна администрација, регистрација на избирачите, политичка кампања и финансирање на кампањата, медиумско покривање на изборите, поплаки / жалби и механизми за решавање спорови и целокупната правна рамка за изборниот процес.

Мисијата вклучува сеопфатен мониторинг на медиуми во текот на периодот на кампањата, што ќе придонесе за проценка на кампањата. За тековниот формат на Специјалната мисија за проценка на изборите, распоредена во Северна Македонија, акредитиравме 26 набљудувачи, а во нив спаѓаат меѓународните експерти и националниот персонал за поддршка.

Македонските власти ги утврдија протоколите за гласање согласно препораките на здравствените власти. Дали имате забелешки за протоколот и дали тоа ќе влијае на излезноста на гласачите имајќи ги предвид и веке стекнатите искуства од парламентарните избори во Србија и во Хрватска и претседателските избори во Полска?

-Ние сме тука да ја процениме усогласеноста на изборниот процес со меѓународните обврски и стандарди, како и со националното законодавство. Ние сме многу заинтересирани да ги следиме мерките што се применуваат во различни фази на изборниот процес заради пандемијата на КОВИД-19, така што внимателно ги следиме и прилагодувањата на постапката на денот на гласање. Во исто време, би сакала да истакнам, дека ние самите живееме и работиме строго според дадените препораки.

Постојат многу околности што го одредуваат одзивот и секоја земја е различна. Парламентарните избори во Србија и во Хрватска имаа излезност помала од претходните избори, но сепак висока, во Србија – 48,88 проценти и во Хрватска – 46,9 проценти. Од друга страна, во Полска одзивот во првиот круг на претседателските избори беше 64,51 отсто што е еден од највисоките во историјата на демократските избори во земјата.

Какви активности ќе спроведете на денот на гласање со оглед на ограничниот број набљудувачи и нестандарниот тип на мисијата поради пандемијата?

-Сите ние живееме и работиме во оваа земја во едно исто опкружување, на нашите активности за набљудување влијаат и пандемијата КОВИД и нашата мисија треба да се прилагоди на моменталната состојба. Нашата мисија треба да ги ограничи своите патувања на минимум со цел да ги минимизираме нашите епидемиолошки отпечаток во оваа земја, нашите патувања во текот на денот на изборите ќе бидат ограничени и затоа што ние им даваме приоритет на безбедноста на набљудувачите и на граѓаните на земјата домаќин.

ОБСЕ/ДИХР традиционално излегува со прелиминарни заклучоци за изборниот процес ден по изборите, а конечниот извештај за целиот изборен процес следи по околу два месеца. Дали е можно проблематизирање на Извештајот во земјава поради специфичниот карактер на мисијата како Специјалната мисија за проценка?

-Пандемијата на КОВИД им создава многу предизвици на сите изборни чинители во сите засегнати земји: изборната администрација, на учесницвите во изборниот процес и, исто така, на активностите за набљудување на изборите. Нашата специјална мисија за проценка на изборите ја започна својата работа во Скопје на 22 јуни, т.е. пред официјалниот почеток на изборната кампања, а истата е распоредена до 23 јули.

Неодамнешното набљудување на изборите во ОДИХР, распоредено за набљудување на претседателските избори во Полска (првиот круг на 28 јуни, вториот на 12 јули) или парламентарните избори во Србија (28 јуни) имаа ист формат, т.е. Специјални мисии за проценка на изборите. Применетиот формат овозможува сеопфатно набљудување на изборниот процес, кој го гледаме како процес што е повеќе од денот на изборите, и сакам да ве уверам, дека ОДИХР и нејзината специјална мисија за проценка на изборите во Северна Македонија се посветени на исполнување на својот мандат на набљудување на овие важни избори и покрај предизвиците. Во исто време, би сакала да истакнам дека Северна Македонија е суверена земја која има одговорност да гарантира фер и демократски избори во корист на сите свои граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот