Андрес Иниеста најави крај на фудбалската кариера

фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Познатиот шпански фудбалер Андрес Иниеста наскоро ќе објави дека става крај на својата успешна професионална кариера, пренесуваат многу светски медиуми.

Наводно, поранешниот репрезентативец на Шпанија оваа одлука ќе ја соопшти на 8 октомври, а тој датум го избрал бидејќи тоа е бројот што го носеше на дресот во текот на кариерата.

Иниеста до ова лето играше во Обединетите Арапски Емирати, а по истекот на договорот тренираше самостојно со надеж дека ќе најде нова средина.

Но, бидејќи Шпанецот веќе има 40 години, на негова адреса не стигна соодветна понуда и тој реши да стави крај на успешната кариера во која освои сѐ што можеше да освои со Барселона и шпанската репрезентација.

Во дресот на каталонскиот гигант учествуваше во освојувањето на вкупно 32 трофеи, од кои девет во Ла Лига и четири во Лигата на шампионите, а со шпанската репрезентација двапати беше европски првак и еднаш светски првак. Вкупно за националниот тим одигра 131 натпревар, постигна 14 гола и имаше 30 асистенции.

Според тврдењата на медиумите, Иниеста планира да се врати во Шпанија, да добие тренерска лиценца и потоа еден ден да стане тренер на Барселона, каде како играч помина 16 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот