Андонова ги предводи фудбалерките против Казахстан и Србија

фото: ФФМ

Македонската женска А репрезентација на 2. и 5. октомври ќе ги одигра натпреварите од квалификациската група 1 од циклусот за пласман на Европско првенство 2021 година.

Подготовките на нашата женска селекција стартуваат утре во Скопје. Квалификациските натпревари меѓу Македонија- Казахстан и Македонија – Србија  ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на 2. и 5. октомври со почеток од 15:00 часот.

За натпреварите на македонската репрезентација од квалификациите за ЕП 2021, селекторот Кирил Изов прати повик до следните фудбалерки:

Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Суарта Речи (Ас Јунајтед), Лекоска Магдалена (СЦ Истатов).

Одбрана: Павлинка Николовска (Драгон 2014), Маја Ангеловска (Олимпија Љубљана, Словенија), Ѓорѓиовска Јована (Деспина Прилеп), Бошеска Ане (Тиверија), Драгана Костова (Драгон 2014).

Среден ред: Александра Ристовска (Тиверија), Јана Чубриновска (Деспина Прилеп), Милеска Катерина (Деспина Прилеп), Романа Трајковска (Рапресвил, Швајцарија), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Живиќ Јулија (Драгон 2014), Наумовски Адријана (Ајова, САД).

Напад: Ели Јаковска (Конакспор, Турција), Гентјана Рочи (Купс, Финска), Улза Максути (Ас Јунајтед), Димоска Теодора (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот