Анџелина Џоли бара промена на судијата, тврди дека тој има близок однос со адвокатката на Бред Пит

профимедиа

Холивудската актерка Анџелина Џоли (45), која веќе четири години се разведува од поранешниот сопруг Бред Пит, побара промена на судијата кој го следи случајот на нивниот развод и долготрајната битка за старателство над шесте заеднички деца што трае од 2016 година.

Актерката тврди дека судијата Џон В. Оудеркилк треба да биде „дисквалификуван“ од постапката за развод бидејќи е во блиска врска со адвокатката на Бред Пит.

EPA/STR

Адвокатите на Анџелина поднеле барање до Врховниот суд во Лос Анџелес, во кое се тврди дека судијата „не ги открил тековните односи меѓу него и бранителката на Пит“.

Извор близок на Бред и Џоли вели дека тоа е само тактика на Анџелина да го одложи решавањето на случајот, затоа што верува дека работите во моментот не одат во нејзина корист.
Главното прашање за кое Анџелина и Бред не можат да се согласат е старателството над нивните шест деца.
– Џоли се обидува да го отпушти судијата кој го надгледува нивниот случај за развод. Таа има право на тоа, но ако мислела дека е на вистинскиот пат во оваа правна постапка, не треба да го стори тоа. Ова е класичен случај кога некој очекува лоша судска одлука и се обидува да ја одложи постапката барајќи нов судија – рече извор близок до парот.

– Нејзиниот потег е многу необичен, таа одолговлекува – додаде изворот.

Фотографија: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот