Анчелоти ги разочара Бразилците: Сакам да останам во Реал Мадрид до крајот на кариерата

Фото: EPA-EFE/Toni Albir

Во овој период во фудбалската јавност посебно актуелна е иднината на Карло Анчелоти кој се најавува како наследник на Тите на клупата на Бразилската репрезентација. Сепак, денес стигна демант од италијанскиот стратег.

За можното доаѓање на Анчелоти на клупата на „Кариоките“ зборуваше и претстедалот на бразилската федерација, Едналдо Родригез.

„Анчелоти е почитуван меѓу фудбалерите. Не само кај Роналдо или Винисиус, туку и другите“, гласеше изјавата на Родригез.

Сепак, Анчелоти е посветен само на Реал Мадрид и порача дека нема проблем да остане на клупата на „кралевите“ и до крајот на кариерата.

„Сакам да останам во Реал Мадрид,  среќен сум тука. Веќе го кажав тоа многу пати. Сакам да останам во Реал до крајот на кариерата“, изјави Анчелоти

Анчелоти има договор со Реал Мадрид до јуни 2024 година, но постои шанса да се раздели со шпанскиот гигант затоа што скоро и да ја загуби битката со Барселона за титулата во Ла Лига каде што Каталонците имаат огромни 12 бодови предност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот