Анагностопулу: Преспанскиот договор донесе многу придобивки за Балканот

Знамиња на Грција и Македонија/ Фото: МИА

Во регион на нестабилност, ревизионизам и конфронтации, Грција и Северна Македонија на Балканот одново ја донесоа догмата на стабилност, помирување и солидарност како и меѓусебна зависност, рече алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу на брифингот со новинарите во однос активностите во нејзина надлежност во периодот февруари-јуни 2019.

Говорејќи за Договорот од Преспа, алтернативната шефица на грчката дипломатија се осврна на позитивните аспекти и причините зошто смета дека решението меѓу двете земји е особено важен.

Рече дека станува збор за „патриотски договор” што на мирен и на најдобар можен начин за грчките национални интереси затвора речиси 30-годишен проблем во регионот.

– Една друга причина зошто беше важен Договорот од Преспа е, гледајќи што се случува во нашиот регион, особено со Турција, земјата да има неконтролирана северна граница, односно да црна дупка, создаваше опасности за безбедноста на земјата – рече Анагностопулу.

Алтернативната шефица на грчката дипломатија, на брифингот со новинарите говореше и за прашањата што се во нејзина надлежност, а произлегуваат од Договорот од Преспа. Го спомена отворањето на двата нови гранични премини меѓу двете земји како „речиси 40 годишно барање на локалните заедници”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот