Ана Петановска и Дадо Топиќ / Фото: Зоран Радоњиќ

Ана Петановска и Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Ана Петановска и Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват. Една од најталентираните млади македонски пејачки и легедарниот хрватски рокер од Црна Гора се враќаат со прва награда за песната „Небо“, чија музика ја напиша Григор Копров, текстот е на Дадо Топиќ, а аранжманот е на Стефан Петановски, братот на Ана.

– Прва награда, „Златен бисер“ на овогодинешниот „Бисер на Јадранот“ за песната „Небо“ со Дадо Топиќ, емоциите се тука. Ви благодарам од срце мили луѓе, за сите коментари, желби, честитки и несебична поддршка. Огромна благодарност до фестивалот, Дадо Топиќ и Григор Копров за искрениот ветер во грб и за целиот ангажман. Мотото на фестивалот годинава беше „Тиват го спојува регионот“, и навистина беше така, со многу мои драги колеги се дружев деновиве – рече Ана Петановска.

Григор Копров и Дадо Топиќ се стари пријатели и соработници. Во 2023 и 2024 Топиќ беше гостин на фестивалот „Охрид фест-Охридски трубадури“, чиј директор е македонскиот композитор. Лани, Топиќ во Охрид прослави 60 години кариера и ја изведе песната „Македонија“. Годинава, „Охрид фест“ ќе се одржи на сцената на „Долни Сарај“ на 29 и на 30 август.

– Песната „Небо“ која ја пеев со Ана ми се допадна „на прва топка“, нејзиниот глас е реткост во денешно време. Без оглед на тоа колку награди сум добил, на секоја ѝ се радувам како да ми е прва – рече Дадо Топиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот