АМВУ ги осуди заканите на директорката на Агенцијата за европски образовни програми кон А1он

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудува заканите со тужба од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност упатени кон онлајн медиумот А1он поради објавување текстови поврзани со ЕУ проекти спроведувани од Агенцијата.

– Заканите за тужби, наместо со поставување аргументи или користење на правото на исправка или одговор претставуваат директен притисок врз работата на медиумите и обид за цензура. Оттаму секој вид на закани и притисоци врз новинари претставуваат загрозување на слободата на информирање и се апсолутно неприфатливи. Во ниту еден момент не треба да се заборави дека улогата на медиумите е да отвараат прашања од јавен интерес и треба да се поттикнуваат темелно и професионално да ги извршуваат своите обврски и навремено да ја информираат јавноста, се вели во реакцијата на Аагенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Оттаму посетуваат и дека медиумските работници треба да се придржуваат до новинарските стандарди, да ги проверуваат информациите пред нивното објавување и да ги земат предвид сите релевантни извори.

Исто така и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), ја осудуваат непримерната јавна комуникација со обид за дискредитација, проследена со закани со тужба, кон нашите колеги од онлајн медиумот „А1он“ од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.

-Неприфатливо е државни функционери од позиција на моќ да се закануваат со тужби за навреда и клевета кон новинари, бидејќи тоа речиси во сите случаи се толкува како притисок врз медиумите и слободата на печатот и обид за наметнување на цензура- потенцираат оттаму.

Директорката на Агенцијата Лидија Димова преку Фејсбук порача дека информациите со фризерницата се реваншизам, бидејќи таму отвориле повеќе истраги за злоупотреби.

Фризерницата која за три години доби 270.000 евра под лупа на Обвинителството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот