Американски научник создал АНТИ-СОЛАРНИ ПАНЕЛИ кои произведуваат струја во мрак (ВИДЕО)

Соларните панели, како што кажува и самото име, технички не работат ноќе, но калифорниски истражувач тврди дека нашол начин да произведува енергија долго по заоѓањето на сонцето. Џереми Мандеј, професор на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис, работи на прототип од панели за кои вели дека би можеле да го прават тоа.

Иако соларните панели се ладни објекти насочени спрема сонцето за да ја апсорбираат светлината и да генерираат сила, панелите на Мандеј би работеле обратно: Неговите панели би се загреале и би биле свртени спрема ноќното небо.

„Обичниот соларен панел произведува струја преку сончевата светлина, што предизвикува појава на напон преку уредот и струја која тече. Во овие нови уреди се емитува светлина, па струјата и напонот одат во спротивен правец, но и понатаму правите енергија“, истакнал Мандеј.

Ако проработат, панелите би можеле да задржат производство на енергија без потреба на складирање на вишокот на електрична енергија во соларните панели или да се потпираат на електраните на фосилно гориво.

Прототипови од овие панели веќе произведуваат 50 вати струја по четвртина метар, само околу 25 отсто од она што традиционалните соларни панели можат да го произведат во еден ден, така што се уште има ограничувања на кои треба да се работи пред изумот да проработи во целост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот