Американската војска изврши напади во самоодбрана врз складишта на Хутите во Јемен

Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) објави дека американската војска извршила напад во самоодбрана врз три подземни складишта на јеменските бунтовници Хути во областите на Јемен кои се под контрола на групата.

Од командата соопштија дека Хутите истрелале четири противбродски балистички ракети во Црвеното Море од областите во Јемен што ги држат под нивна контрола.

Хутите напаѓаат трговски и воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив од средината на ноември како одговор на, како што наведуваат, израелската инвазија на Појасот Газа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот