Американската ВНБА-ѕвезда уште шест месеци во притвор во Москва

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Продожен и е притворот на Битни Гринер која беше уапсена во февруари за поседување масло од канабис, а се уште не се знае кога ќе и започне судењето на кое може да добие 10 години затвор

Славната американска кошаркарка Битни Гринер (31) ќе остане зад решетки во Москва, Русија, уште најмалку шест месеци.

Така одлучи судот во престолнината на Русија на последното сослушување на Американката. Таа беше уапсена на аеродромот во Москва минатиот февруари, затоа што при контролата во нејзиниот багаж било пронајдено масло од канабис.

Оваа супстанција е дозволена за употреба во некои држави од САД, но е строго забранета во Русија.

Американката на сослушувањето била донесена со лисици на рацете, а цело време се обидувала да се засолни од камерите и од фотоапаратите.

– Нејзиниот руски адвокат изјави дека судијата го продолжил нејзиниот притвор за времетраење на нејзиното судење. Не е одреден датум. Интересно, немало присутни официјални лица од Амбасадата на САД – изјави американскиот новинар Чарлс Мејнс.

На Бритни и се заканува казна до 10 години затвор. Таа е една од најдобрите кошаркарки во американската ВНБА лига и има две олимписки злата. Од 2014 година настапува за руски Екатеринбург, тим со кој четири пати е европска првенка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот