Американците му понудиле милиони долари на капетанот на иранскиот танкер да им помогне да го запленат

Американскиот Стејт департмент му понудил милиони долари на капетанот на иранскиот танкер што се најде во центарот на дипломатскиот сидир заради сомнежот дека превезува нафта за Сирија, јави Би-Би-Си.

Брајан Хок од американското министерство му пишал порака на капетанот на танкерот „Адријан Дарја”, а во неа бара во замена за пари бродот да застане на место каде САД ќе можат да го запленат.

Се уште постојкат сомневања дека танкерот превезува нафта за Сирија, а од истите причини во јули беше запленет од Велика Британија, кај Гибралтар. Ослободен беше на крајот од минатиот месец, откако иранските власти дадоа гаранции за тоа каде ќе се упати. САД се обидоа да го спречат одсободувањето на танкерот, а откако не успеаја веднаш издадоа наредба за негово запленување.

Веста за паричната понуда вчера прв ја објави весникот „Фајненшел Тајмс”, а потоа ја потврди и Стејт департментот.

Танкерот „Адријан Дарја”, што претходно се викаше „Грејс 1″, во моментов се наоѓа во источен Медитеран, а откако е ослободен веќе неколку пати го менува правецот на пловење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот